Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.367 статии на македонски јазик и 319 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 8 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1783  Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишен глад во Европа и Америка.
1942  Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија.
1949  Џорџ Орвел го објавил романот „1984“.
1986  Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна.

Родени:

1625  Џовани Доменико Касини — италијански научник († 1712.).
1671  Томазо Албинони — италијански композитор.
1810  Роберт Шуман — германски композитор.
1867  Френк Лојд Рајт — американски архитект.
1903  Маргерит Јурсенар — француска писателка.
1905  Стефан Гајдов — македонски композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци († 1992.).
1916  Лујџи Коменчини — италијански режисер († 2007.).
1921  Сухарто — претседател на Индонезија (п. 2008.).
1934  Видое Подгорец — македонски писател († 1997.).
1940  Ненси Синатра — американска поп-пејачка, ќерка на Френк Синатра.
1942  Рудигер Дорнбуш — германски економист.
1954  Грег Гин — американски рок-музичар, член на групата Блек Флег (Black Flag).
1960  Мик Хакнал — англиски поп-музичар, член на групата Симпли ред (Simply Red).
1961  Алка Вуица — хрватска поп-пејачка.
1962  Ник Роудс — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1964  Буч Рејнолдс — американски атлетичар.
1976  Линдзи Девенпорт — американска тенисерка.
1977  Кање Вест — американски рапер и музички продуцент.
1983  Ким Клајстерс — белгиска тенисерка.
1984  Макси Переира — уругвајски фудбалер.
1984  Хавиер Маскерано — аргентински фудбалер.
1984  Миа Борисављевиќ — српска пејачка.
1985  Хосе Хоакин Рохас — шпански велосипедист.
1989  Бен Херманс — белгиски велосипедист.
1988  Рејналдо Заварке — венецуелски глумец.
1989  Травис Мајер — австралиски велосипедист.
1995  Ферлан Менди — француски фудбалер.
1997  Јелена Остапенко — латвиска тенисерка.
2000  Јан Пол фан Хеке — холандски фудбалер.

Починале:

632  Мухамед — пророк, зачетник на исламот.
1376  Едвард Црниот Принц — син на англискиот крал Едвард III.
1795  Луј XVII — француски крал.
1845  Ендру Џексонпретседател на САД.
1876  Жорж Санд — француска писателка.
1908  Милан Арсов — македонски револуционер.
1969  Роберт Тејлорамерикански глумец.
1983  Мишко Крањец — словенечки писател.
2018  Ентони Бурдеин — американски готвач и тв-водител.

Празници:

*  Светски ден на океаните.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Пупки на бојаџиски кантарион (Hypericum androsaemum).
Дали сте знаеле...


Зградата на ХАЗУ (порано ЈАЗУ)
Зградата на ХАЗУ (порано ЈАЗУ)


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.367 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич